Достапни линкови

logo-print

Генерал Бридлав: Русија работи на поместување на границата


американскиот генерал Филип Бридлав

американскиот генерал Филип Бридлав

Врховниот воен командант на НАТО американскиот генерал Филип Бридлав изјави дека Русија работи на поместување на своите граници кон запад, во Украина. „Забележавме генерален тренд на утврдување на линијата на демаркација и значително омекнување на вистинската граница меѓу Русија и Украина“, рече генерал Бридлав на прес конференција во Пентагон. Според него, Русија разгледувала планови за размсетување воздушни сили на Крим со можност да имаат тактичко нуклеарно оружје. Тој исто така додаде дека околу 300 руски војници ги обучуваат проруските сепаратисти и оти во Русија, во близина на границата со Украина, се наоѓаат единици на седум руски баталјони.

XS
SM
MD
LG