Достапни линкови

Украина го преразгледува мировниот план


Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко на денешниот состанок со шефовите за национална безбедност во Киев, како што најави, ќе го разгледа украинското учество во мировниот план по контроверзните избори во источните региони контролирани од проруските сепаратисти. „Овие псевдо избори претставуваат брутално кршење на протоколот од Минск од 5 септември со кој се предвидуваат локални избори во согласност со украинските закони“, изјави Порошенко во обраќањето до нацијата. Тој најави дека Киев ќе го стопира законот за специјален статус во регионите на Доњецк и Луганск. „Бунтовниците ја отфрлија можноста за специјален статус и ја влошија ситуацијата во тие региони“, рече Порошенко.

XS
SM
MD
LG