Достапни линкови

Жена се самозапали пред зградата на Претседателoт во Софија


Триесет и осумгодишна жена попладнево се запали пред зградата на Претседателот на Бугарија во Софија, сооопшти Министерството за внатрешни работи, потсетувајќи дека слични драми во оваа земја се случија и минатата 2013 година.

Жената се здоби со тешки изгореници, но остана жива, сооопштија од болница.

Во моментов не се соопштува нејзиниот идентитет, а не се знае ниту причината за самопалењето.

Во неколкуте инциденти со самозапалување во Бугарија, во периодот меѓу февруари и мај 2013 година, шест лица го загубија животот, а тоа главно го изведоа во знак на протест против политичката корупција и скапиот живот.

XS
SM
MD
LG