Достапни линкови

Грција ја зајакнува безбедноста поради борците на ИД


Грчкиот министер за внатрешни работи Василис Кикилиас изјави дека Владата се согласила со барањето на САД да ја засили контролата на пристаништата и аеродромите во земјата поради доброволците, кои патуваат од Европа за да им се придружат на милитантите на Исламска држава во Сирија и во Ирак.

Кикилиас минатата недела во Вашингтон се сретна со главниот обвинител на САД, Ерик Холдер, со директорот на ЦИА, Џон Бренан и со директорот на ФБИ, Џејмс Коуми.

Кикилиас денеска го информира премиерот Андонис Самарас за посетата, додавајќи оти Грција ќе ја зајакне соработката со САД во борба против ИД.

Грција е главен транзитен пат за имигранти и бегалци кои се обидуваат незаконски да влезат во земјите од Европската унија.

XS
SM
MD
LG