Достапни линкови

САД го заострува влезот на нивна територија


САД воведе дополнителен скрининг за граѓаните од земјите за кои не е потребна виза за влез во САД. Секретарот за внатрешна безбедност Џех Џонсон денеска изјави дека патниците од 38 држави, вклучувајќи ги и земјите од Европа, ќе треба да се обезбедат дополнителни податоци и информации за контакт. Потегот доаѓа во време на зголемена загриженост поради борците кои се враќаат од Сирија, а имаат пасоши на некоја од западните земји.
На 28 октомври, Џонсон најави дополнително обезбедување на владините згради во Вашингтон и во другите градови.

XS
SM
MD
LG