Достапни линкови

logo-print

Повторниот судски процес во Турција за заговор за преврат


Повторен судски процес започна денеска во Турција против 236 офицери од армијата, обвинети за заговор за преврат против Владата на тогашниот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Во 2012 година вкупно 326 офицери беа осудени за заговор од 2003 година, наречен операција „Чук“, која имала за цел да ја собори од власт владата со исламистички корени. Тие добија пресуди од 20 години затвор.

Во јуни турскиот Уставен суд нареди многу од офицерите да бидат ослободени пред започнување на повторен процес против нив.

XS
SM
MD
LG