Достапни линкови

logo-print

Филе испрати писмо до Тачи


Штефан Филе, поранешниот комесар за проширување на ЕУ, испрати писмо до лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи во кое му се заблагодарува за досегашната соработка.

Во текот на изминатите пет години, стои во писмото, Европската Комисија (ЕК) го зацврсти кредибилитетот на политиката на проширување и ја зголеми својата трансформативна моќ, обезбедувајќи силно фокусирање на решавање на основните реформи во процесот на проширувањето.

„На моето заминување, јас се уште гледам значајни предизвици, вклучувајќи голем број на клучни реформи, пред вас. Политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата треба да се врати во парламентот. Сите партии мора да го сносат својот дел од одговорноста за иднината на земјата. Прашањето за името треба да се реши со нова енергија и конечно блокадата да се надмине“, се наведува во писмото, соопшти денеска ДПА.

Филе во писмото и посакува на Македонија, но и лично на Тачи, сите можни успеси во натамошно извршување на, како што вели, заедничките европски напори.

XS
SM
MD
LG