Достапни линкови

Жерновски - нема поместување од стратегијата за бојкот


Андреј Жерновски.

Андреј Жерновски.

Градоначалникот на Општина Центар и лидер на ЛДП, Андреј Жерновски денеска изјави дека нема поместување од стратегијата на опозицијата за бојкот. Тој најави дека утре ќе се сретне со лидерот на СДСМ Зоран Заев за да разговараат за размислувањата на пратениците.

„Мене ми е многу битно да соопштиме дека и да има пратеници кои сметаат дека треба да се вратат во Собранието, не велам дека нема, некои од нив даваат изјави дека се горди што се во Собранието, а беа на листите на коалицијата, тоа не треба да влијае на одлуката на опозициските партии бидејќи не може неколку поединци да ја држат во заложништво целата опозиција, како и целата политичка состојба во Македонија, изјави Жерновски.

Според него опозицијата треба да излезе со јасна конкретна стратегија, а доколку опозицијата прати порака дека нема концепт тоа би било лошо. Жерновски денеска се сретна со амбасадорот на САД, Пол Волерс во Американската амбасада. Тема на средбата биле состојбите на политичката сцена во опозицијата и во општина Центар, како и натамошната стратегија на опозицијата и бојкотот на Собранието.

XS
SM
MD
LG