Достапни линкови

Понта и Јоханис во трка за претседател на Романија


Премиерот на Романија Виктор Понта и градоначалникот на Сибиу, Клаус Јоханис ќе се соочат во вторито круг од претседателските избори во земјата. Конечните резултати од изборите одржани вчера покажуваат дека Понта освоил 40 проценти од гласовите, а градоначалник на Сибиу, 30,5 отсто. Вториот круг ќе се одржи на 16 ноември, а победникот ќе го наследи досегашниот претседател Трајан Басеску, кој отслужи два мандата. Романија се приклучија на Европската унија во 2007 година, но останува втората најсиромашна држава во Унијата и земја која се соочува со корупција.

XS
SM
MD
LG