Достапни линкови

logo-print

Државата ќе субвенционира нови летови


Скопски аеродром „Александар Велики“.

Скопски аеродром „Александар Велики“.

Министерството за транспорт и врски ќе субвенционира четири нови дестинации од Скопскиот аеродром кон Шпанија и Норвешка, како и директна линија од Охридскиот аеродром до некоја европска метропола. Во првата половина на следната година, според плановите на ресорното Министерство, се очекува да се распише повик и за избор на национален авиопревозник. Министерот Миле Јанакиески вели дека рамката за субвенционирање е 5 милиони евра во наредните три години. Според него, целта е летовите кон Шпанија и Норвешка да стартуваат од јуни или најдоцна од септември следната година, а покрај тие дестинации ќе се разгледаат и други. Авиокомпанијата„Виз Ер“,којашто со субвенции од Владата реализира летови од Македонија, ќе нема предност во однос на останатите заинтересирани.

XS
SM
MD
LG