Достапни линкови

Економијата поважна од екологијата


Илустрација.

Илустрација.

Југохром Јегуновце продолжи да работи без обезбедена А-интегрирана еколошка дозвола и по истекот на рокот до кој мораше тоа да го направи. Има нов рок од две години.

Југохром сами да ја затворат фабриката, која досега не започна никакви активности околу добивање на еколошка дозвола. Во спротивно министерството ќе постапи според законот. Ова го изјави министерот за животна средина Нурхан Изаири пред нецел месец. Викендов, пак, откако истече рокот за воведување на еколошките дозволи, фабриката од Јегуновце побара продолжување за уште две години. И владата одлучи тоа да го дозволи.

Во денешно време, народски кажано е „срамота“ да се продава таа приказна, дека мора да бирате меѓу економија или екологија, затоа што сите земји околу нас покажуваат дека и тоа како може да се биде профитабилен и да се има чисто производство.

Според Искра Стојковска од организацијата Фронт 21/42, со ваквите одлуки на сопствениците им се праќа сигнал дека не мора да ги почитуваат законите за заштита на животната средина.

„Југохром за жал не е единствената фабрика загадувач, којашто одлага спроведување на мерките, за нас е уште поалармантно што на големи загадувачи од типот на РЕК Битола им се одлага давањето на дозволата, не само што немаат обврска да спроведат мерки за да си ја подобрат технологијата, туку во период додека ја чекаат дозволата можат да загадуваат прекумерно и притоа да не платат казна“, вели Стојковска.

Ќе бараме истовремено паралелно да се одвиваат процесите што произлегуваат од преземените обврски кон владата, за во овој рок да ги реализираат потребните мерки за да се постигнат тие еколошки стандарди, бидејќи и покрај егзистенцијата и работниците коишто се во Југохром сакаат да имаат здрава животна средина, бидејќи 99 проценти се од тој регион, кој е изложен на загадување.

Во образложението, пак, зошто се продолжува рокот за Југохром, кој во наредниов период ќе работел со 50 отсто намалено производство, вицепремиерот Владимир Пешевски викендов рече дека ако го затвореле, никогаш немало да се исполнат стандардите, работниците ќе останеле на улица, а регионот економски мртов.

„Во денешно време, народски кажано е „срамота“ да се продава таа приказна, дека мора да бирате меѓу економија или екологија, затоа што сите земји околу нас покажуваат дека и тоа како може да се биде профитабилен и да се има чисто производство“, вели Стојковска.

Во пресрет на рокот до кој мораа да се исполнат стандардите, Макстил соопшти дека донеле одлука за прекин во производството во погонот Челичарница се додека не ја инсталираат опремата.

Претседателот на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство Пеце Ристевски вели дека очекуваат средба со раководство на фабриката, но не очекува многу луѓе да останат без работа периодов оти Макстил имал и други погони кои не се затворени, а и дел вработени можеле да користат годишен одмор. За Југохром, пак, Ристевски смета дека е најправилната одлука што можела да се донесе во моментов бидејќи од таму директно или индиректно егзистирале десет до дванаесет илјади граѓани од регионот. Сега најавува дека и тие како синдикат од сопствениците и менаџерите ќе бараат исполнување на еколошките стандарди.

„Ќе бараме истовремено паралелно да се одвиваат процесите што произлегуваат од преземените обврски кон владата, за во овој рок да ги реализираат потребните мерки за да се постигнат тие еколошки стандарди, бидејќи и покрај егзистенцијата и работниците коишто се во Југохром сакаат да имаат здрава животна средина, бидејќи 99 проценти се од тој регион, кој е изложен на загадување“, вели Ристевски.

Инаку големите загадувачи во 2005 година добија обврска да обезбедат „А-интегрирани еколошки дозволи“ и тоа требаше да го сторат во рок од девет години односно до први април годинава.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG