Достапни линкови

Во Таџикистан ослободени 800 затвореници


Околу 800 затвореници се ослободени денеска во Таџикистан. Ова е првиот дел од масовната амнестија која минатата недела беше одобрена од страна на парламентот. Според новиот закон се очекува да бидат ослободени околу 10 илјади затвореници. Претседателот Емомали Рамон предложи амнестија за одбележување на 20-годишнината од усвојувањето на Уставот на земјата на 6 ноември 1994 година. Од Министерството за правда, велат дека 175 од затворениците кои се ослободени денеска се жени, 60 се малолетници, а 50 притвореници.

XS
SM
MD
LG