Достапни линкови

logo-print

Германија ја сака Британија во ЕУ, но за имиграцијата не се преговара


Германија сака Велика Британија да остане активна и посветена членка на Европската унија, но нема да отстапи пред плановите на премиерот Дејвид Камерон да се спречи имиграцијата од други земји на ЕУ, изјави денеска портпаролот на канцеларката Ангела Меркел.

„На Велика Британија останува да каже каква улога сака да игра во иднина во Европската унија. Ова не е билатерално прашање меѓу Германија и Велика Британија, туку прашање меѓу Велика Британија и сите нејзини европски партнери“, изјави портпаролот на Меркел, Стефан Сеиберт.

Германија сака Велика Британија да остане во Унијата, но Меркел, јасно стави до знаење дека не може да се преговара за општиот принцип на слобода на движење во Европската унија“, изјави портпаролот на Меркел.

XS
SM
MD
LG