Достапни линкови

Берлин ја повикува Москва да го почитува единството на Украина


Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер денеска ги потсети руските власти на нивното ветување дека ќе го почитуваат единството на Украина. До ова доаѓа ден по изборите одржани во проруските региони на истокот на Украина кои не се признати од Европската унија и украинските власти. Штајнмаер повтори дека изборите биле нелегални и и во спротивност со договорите постигнати во Минск меѓу властите во Киев, проруските сепаратисти со поддршка на меѓународната заедница и Русија.

XS
SM
MD
LG