Достапни линкови

Македонска владина делегација во САД, по инвестиции


Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски од денеска во наредните неколку денови ќе ги запознаат потенцијалните инвеститори од Њујорк и повеќе други градови во САД со бизнис можностите во Македонија. Посета почнува денеска со бизнис форум во Њујорк што ќе го отвори премиерот Никола Груевски.

Бизнис форумот ќе се реализира во соработка со групацијата „Фајненшл тајмс“. Се очекува премиерот Груевски да има повеќе одделни работни средби со претставници на компании и странски инвеститори кои се заинтересирани за инвестирање во Македонија. Владината делегација, во чиј состав се и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министрите без ресор задолжени за привлекување на странски инвестиции Веле Самак, Бил Павлевски и Џери Наумоф, како и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо, во наредните неколку денови освен Њујорк ќе посети и повеќе американски градови.

XS
SM
MD
LG