Достапни линкови

Украден историскиот напис на концлогорот Дахау


Историскиот напис над вратата во поранешниот нацистички концентрационен логор Дахау бил украден. Станува збор за нацистичкиот цинички слоган „Работата ве ослободува“. Дахау се наоѓа во близина на Минхен и беше првиот концентарционен логор изграден од нацистите во 1933 година. Таму беа затворени над 200 илјади луѓе од цела Европа, а 40 илјади од нив умреле пред логорот да биде ослободен од американските сили во април 1945 година.

XS
SM
MD
LG