Достапни линкови

По прекинот Бангладеш повторно има струја


Техничките проблеми се поправени и жителите на Бангладеш повторно имаат пристап до електрична енергија по вчерашниот прекин низ целата земја. Бангладеш се соочи со тотално помрачување, откако далноводите од соседна Индија прекинаа со работа. Струја немаа болниците, аредоромите и други служби за итни случаи. Аеродромот во Дака функционираше благодарение на генераторите. Повеќе од една третина на жителите на Бангладеш немаат пристап до струја.

XS
SM
MD
LG