Достапни линкови

logo-print

УНЕСКО го осуди уништувањето на културното наследство во Ирак


Шефот на УНЕСКО, Ирина Бокова

Шефот на УНЕСКО, Ирина Бокова

Шефот на УНЕСКО, Ирина Бокова го осуди, како што го нарече, варварското уништување на културното наследство на Ирак од страна на екстремистичките групи. Бокова говорејќи за време на посетата на Багдад порача дека Ирак има илјадници храмови, згради, археолошки наоѓалишта и објекти кои претставуваат богастство за човештвото. Но, таа предупреди дека мора да се преземат мерки за да се спречи нивното уништување.

Милитантите на Исламската држава кои ја преземаа контролата врз неколку територии во Ирак и Сирија уништија низа историски локации кои се сметаат културно наследство.

XS
SM
MD
LG