Достапни линкови

logo-print

Јанкулоска на Генералното Собрание на Интерпол во Монако


Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, од утре до среда ќе учествуваат на 83-то Генерално Собрание на Интерпол во Монако, кое се одржува под мотото „Одвраќање на криминалот – 100 години меѓународна полициска соработка“.

Јанкулоска преку свое излагање директно ќе партиципира на втората панел дискусија посветена на „Засилување на полициската соработка преку законската регулатива, политиките, технологијата и техниките на работењето“. На Генералното собрание ќе земат учество министри и високи полициски функционери од преку 100 земји членки на Интерпол.

XS
SM
MD
LG