Достапни линкови

Бангладеш-Медиумски тајкун осуден на смртна казна


Мир Касем Али

Мир Касем Али

Медиумски тајкун и клучна фигура во најголемата исламистичка партија во Бангладеш е осуден на смртна казна за воени злосторства за време на војната во земјата во 1971 година за независност од Пакистан. Мир Касем Али, кој е сопственик на телевизија и весник е осуден за 10 кривични дела, меѓу кои убиство и киднапирање.

Властите во Бангладеш во минатата година ја затворија неговата телевизија за ширење на меѓуетнички тензии. Адвокатот на Али соопшти дека обвиненијата се неосновани и лажни.

XS
SM
MD
LG