Достапни линкови

logo-print

Повредени неколку демонстранти во Франција


Неколку лица биле повредени во насилните протести против полициска бруталност во два града во Франција. Полицијата употребила гумени куршуми и солзавец, додека демонстрантите фрлале камења и шишиња со киселина во северозападниот град Нант. Најмалку пет демонстранти и еден полицаец биле повредени. Полицијата уапсила 21 демонстрант во Нант и 13 во Тулуз.

Протестите еруптираа по смртта на еден активист за заштита на животната средина, кој беше убиен на 26 октомври за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите на местото на контроверзна брана во југоисточниот дел на земјата.

XS
SM
MD
LG