Достапни линкови

Милитанти поврзани со Ал Каеда освоиле територии во Сирија


Милитанти поврзани со Ал Каеда преземале територии од опозициските сили во североисточниот дел на Сирија. Сириската организација за човекови права со седиште во Британија соопшти дека борците на Ал Нусра фронтот ја преземале контролата врз неколку села во покраината Идлиб. Според организацијата, околу 5770 лица загинале во минатиот месец во Сирија, меѓу кои и 1064 цивили.

XS
SM
MD
LG