Достапни линкови

Претседателски избори во Романија


Актуелниот романски премиер Виктор Понта

Актуелниот романски премиер Виктор Понта

Во Романија денеска се одржува гласањето на претседателските избори на кои главен фаворит е актуелниот премиер Виктор Понта. Според последните анкети, 42-годишниот Понта, кој е лидер на владејачката Социјалдемократска партија, е во големо водство во однос на останатите 13 кандидати и би можел да освои околу 40 отсто од гласовите во првиот круг.

Противник во вториот круг на 16 ноември веројатно ќе му биде претседателот на Христијансколибералната партија, Клаус Јоанис. Актуелниот претседател Трајан Басеску не може да се кандидира за трет мандат. Првите резултати од изборите на кои право на глас имаат над 18 милиони Романци, се очекуваат утре.

XS
SM
MD
LG