Достапни линкови

Временска прогноза-промеливо облачно


Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со појава на ниска облачност и утринска магла по котлините и речните долини. Попладне облачноста насекаде ќе се намали. Утринската температура ќе се движи од минус три до пет, а дневната од 11 до 17 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на ниска облачност и слаба магла, а попладне ќе има сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 15 степени. И натаму продолжува период на стабилно и суво време, по котлините и речните долини со појава на ниска облачност и слаба утринска магла.

XS
SM
MD
LG