Достапни линкови

Војската го поддржа Зида за привремен лидер на Буркина Фасо


Блез Компаоре

Блез Компаоре

Војската на Буркина Фасо соошти дека го поддржува потполковникот Исак Зида за приврмен лидер на земјата по соборувањето на претседателот Блез Компаоре. Тој објави дека се повлекува од функцијата после 27 години, поради насилните протести во земјата. Компаоре издаде соопштение во кое прогласува вакум простор во власта и апелира да се одржат слободни и транспарентни избори во рок од 90 дена.

Демонстрантите претходно го запалија парламентот и владини згради во главниот град, Уагадугу, во време која пратениците требаше да гласаат за уставни измени според кои ќе му се дозволеше на претседателот да биде резибран во 2015.

XS
SM
MD
LG