Достапни линкови

logo-print

Боко Харам-Прашањето за киднапираните девојчиња е заборавено


Лидерот на исламистичката екстремистичка група Боко Харам, Абубакар Шекау.

Лидерот на исламистичката екстремистичка група Боко Харам, Абубакар Шекау.

Лидерот на исламистичката екстремистичка група Боко Харам, Абубакар Шекау изјави дека прашањето за киднапирањето на околу 200 ученички е заборавено, бидејќи тој одамна ги омажил. Групата киднапира 276 девојчиња во еден интернат во североисточниот град Чибок во април што предизвика меѓународна кампања за нивно ослободување.

Дузина девојчиња успеаа да избегаат неколку дена по киднапирање, но 219 се уште се водат за исчезнати. Шекау исто така одби да постигне примирје со владата. Нигериските одбранбени власти соопштија на 17 октомври дека двете страни постигнале примирје.

XS
SM
MD
LG