Достапни линкови

Убиени 6 украински војници во последните борби


Украинскиот национален совет за безбедност и одбрана соопшти дека шест војници загинале, а 10 биле повредени во вчерашните борби. Портпаролот на советот, Володимир Полиови не прецизираше каде точно биле убиени и повредени војниците. Борбите во иточна Украина продолжуваат и покрај примирјето меѓу властите и проруските сепаратисти кое беше постигнато на почетокот на септември.

XS
SM
MD
LG