Достапни линкови

logo-print

Кирби-Руските воени авиони над Европа ги зголемуваат тензиите


Портпаролот на американската војска, Џон Кирби

Портпаролот на американската војска, Џон Кирби

Портпаролот на американската војска, Џон Кирби изјави дека борбите на руската војска во европскиот воздушен простор ги зголемуваат тензиите и претставуваат потенцијална закана за безбедноста и за цивилните авиони. Според него, летовите на руските воени авиони се потенцијален ризик за ескалација.

Тој потенцира дека имало нова рунда на руски летови, кои биле набљудувани од НАТО, над Балтичкото и Северното море, како и Атланскиот океан. НАТО претходно соопшти дека руските воени авиони биле вклучени во големи операции во европскиот воздушен простор на 28 и 29 октомври, при што сојузнички авиони биле испратени со цел да ги пресретнат и идентификуваат.

XS
SM
MD
LG