Достапни линкови

Кери и Ештон на средба со Џавад за нуклеарната програма на Иран


Американскиот државен секретар Џон Кери, шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон со шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф

Американскиот државен секретар Џон Кери, шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон со шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф

Вашингтон соопшти дека американскиот државен секретар Џон Кери и шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон ќе се сретнат со шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф на 9 и 10 ноември да разговараат за иранската нуклеарна криза. Средбата во Мускат, Оман ќе се одржи две недели пред завршувањето на крајниот рок на 24 ноември за постигнување договор за иранската нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG