Достапни линкови

Молк пред изборите во Луганск и Доњецк


Лидерот на самопрогласената Народна република Луганск, Игор Плотницки.

Лидерот на самопрогласената Народна република Луганск, Игор Плотницки.

Властите во украинските региони Луганск и Доњецк, кои се под контрола на проруските сепаратисти се подготвуват за избори, при што нивното спроведување беше осудено и окарактеризирано како нелегитимно. Луганск го одбележува денот на молк пред одржувањето на утрешното гласање. Четири лица се во трката за лидери на таканаречената Народна република Луганск, меѓу кои и моменталниот лидер Игор Плотницки.

Во Доњецк, изборните власти и покрај молкот им дозволија на кандидатите да продолжат со кампањата. Три лица, вклучувајќи го и лидерот Александар Захарченко се во трката за нов предводник на Народна република Доњецк.

XS
SM
MD
LG