Достапни линкови

Ирачките курдски борци во поддршка на сириските војници


Курдски Пешмерга борци

Курдски Пешмерга борци

Ирачките курдски Пешмерга борци преку Турција влегле во Сирија за да им се придружат на Курдите во градот Кобани во борбата против милитантите на Исламската држава. Околу 150 војници синоќа дошле во мали групи на границата со камиони во кои го носеле нивното тешко оружје.

Сириските курдски војници се борат против милитантите неколку недели и во моментов имаат контрола врз половина од територијата на градот. Илјадници жители на Кобани и други раселени лица поради борбите пребегаа во Турција.

XS
SM
MD
LG