Достапни линкови

Пресудата за спорот меѓу Србија и Хрватска во февруари


Претседателот на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Пeтер Томкa најави во Генералното собрание на ОН дека пресудата за спорот по тужбата од Хрватска и противтужбата од Србија за геноцид ќе биде донесена пред обновување на судскиот процес во февруари идната година.

Според Томка, како што пишува весникот „Политика“ во тек е расправа за случајот и се работи на пресудата, откако во март во судот беше одржана јавна расправа на која Хрватска и Србија повикаа на кршење на Конвенцијата за спречување и казнување на геноцид.

XS
SM
MD
LG