Достапни линкови

Посна трпеза без масло


Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.

Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.

Храната во Македонија е прескапа за да може едно семејство да се допушти и да пазари она што сака, кога минималната плата изнесува 8.800 денари, пишува Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

После неколку дена пауза од објавувањето на последната моја колумна за Радио Слободна Европа можам да констатирам дека во нашата чудесна земја се случија доста интересни збиднувања. После сите настани со еболата која зафати на секое место каде загинаа доста човечки животи, нашата Влада се зафати со реализација на едукативна кампања за здрава исхрана со цел да ја едуцира нацијата како правилно да ја конзумира храната и употреба на физичката активност за здрав и долг живот. Во последниот период Владата објави циклус на „здрави“ реклами кои чинат неколку стотини илјади евра кои се емитуваат на националните и регионалните ТВ канали.

Храната во Македонија е прескапа за да може едно семејство да се допушти и да пазари она што сака, кога минималната плата изнесува 8.800 денари, а просечната е 21.000 денари.

Да, неколку пати ги гледав рекламите за здрава исхрана и констатирав дека во улога се јавува „ангелот на смртта“ кој го предизвикува домаќинот да се храни со нездрава храна (како што е црвеното месо, различни десерти и сл.), а домаќинот му дава сочно црвено јаболко и со тоа ја победува смртта. Повеќе е интересно за мали деца, отколку за повозрасната популација. Но, владините реклами за здрава исхрана повеќе ми наликуваат на цртаниот филм „Снежана и седумте џуџиња“, каде вештерката на Снежана ѝ дава црвено јаболко и таа умира, но со бакнежот на принцот, таа живее. Што значи дека секој од нас треба да има по еден принц или принцеза за да имаме долг живот. На крајот од секоја серија има бабини и дедини рецепти кои даваат примери како да се користи зеленчукот за подобро и витално здравје. Како и да е, кампањата наиде на портокалово-зелено светло од Светската здравствена организација (СЗО). Затоа, Владата во целост го потенцира стариот слоган „Во здраво тело - здрав дух“ и покрај новиот слоган „Здравјето е избор! Здрава храна и здрав начин на живот значат долг живот!“.

Доколку го разгледуваме и анализираме слоганот може да видиме дека нацијата не баш така здраво се храни за да има добро и витално здравје. Храната во Македонија е прескапа за да може едно семејство да се допушти и да пазари она што сака, кога минималната плата изнесува 8.800 денари, а просечната е 21.000 денари. Но, ако видиме како се движат цените во ЕУ може да се потенцира дека храната во Германија е со многу повеќе прифатливи цени каде секое семејство може да си допушти и да купи она што сака без никој да го ограничува, нормално дека разлика има и во личните примања на граѓаните. Но, не е така со нашата чудесна земја Македонија каде економскиот стандард на граѓаните е многу низок, со индекс на сиромаштија од 32 отсто.

Владата во Македонија треба повеќе да се заложи за формирање на Банка за храна во координација со ОН каде главна цел би била помош и поддршка на социјално загрозените семејства кои не можат да си ги дозволат секојдневните егзистенцијални потреби.

Ситуацијата на економски план во Општина Прилеп е многу тешка, иако граѓаните претежно се занимаваат со земјоделско производство. Многу делегации продефилираа во Прилеп како да се подготвува маскембалот Прочка, ветувајќи дека ќе бидат отворени фабрики за изработка на машински делови за автомобилската индустрија, па се до производство на горива за нафтената индустрија со значителна стапка на вработеност. Во последно време премногу се презаситивме од чудни приказни кои немаат среќен крај за граѓаните. Сликањето и сечењето на црвени ленти за јавноста не е многу битно кога нема доволно резултати. Но, ветувањата дадени остануваат кои реално кажано и не се остваруваат.

Но, да се вратиме на здравата исхрана. Во тек е популарниот месец каде домаќинствата ја подготвуваат зимницата за претстојниот зимски период. Пазарните белешки говорат дека зеленчукот и овошјето со својот квалитет ја зголемуваат и цената по еден килограм. Воедно, да потенцирам, за да имаме здрава нација и тоа по препорака на Владата, треба да конзумираме што повеќе компири, овошје, житарки и здрави протеини (како што е гравот, леќата, боранијата, рибата и пилешкото месо) каде граѓаните од своите сиромашни џебови треба да одделат повеќе од 40 отсто од минималната плата.

Меѓународните податоци говорат дека 820 милиони луѓе се недоволно исхранети, каде преку 17 илјади деца на ден умираат од глад. Владата во Македонија треба повеќе да се заложи за формирање на Банка за храна во координација со ОН каде главна цел би била помош и поддршка на социјално загрозените семејства кои не можат да си ги дозволат секојдневните егзистенцијални потреби.

Организацијата за храна и земјоделство потенцира дека потрошувачите ќе мораат да се справат со покачените цени на храната сè до 2018 година, така што ретко е да ги погоди сите главни јадења во повеќето земји одеднаш.

XS
SM
MD
LG