Достапни линкови

Макстил ја затвора Челичарница поради загадувањето


Архивска фотографија: Протест против загадувањето на воздухот од Железарница во Скопје.

Архивска фотографија: Протест против загадувањето на воздухот од Железарница во Скопје.

Макстил соопшти дека го прекинува производството во погонот „Челичарница“ на истекот на рокот за воведување на А интегрирани еколошки дозволи за најголемите индустриските капацитети. Југохром Јегуновце, пак, бара продолжување на рокот за две години. Еколозите очекуваат намалување на загадувањето.

„Макстил“, согласно предвидените обврски за реализација на оперативниот план за воведување еколошки стандарди го прекинува производството во погонот „Челичарница“, соопшти денеска фабриката на истекот од рокот за воведување на А интегрираните еколошки дозволи за најголемите индустриските капацитети.

Во официјалниот документ стои дека тие во текот на периодот од кога ќе затворат, бидејќи нели треба да инсталираат нова опрема, ќе прават чести проби. Е сега колку ќе бидат тие чести и со каков интензитет на испуштање на штетни материи, тоа никој не го знае, така што сигурно треба да очекуваме намалување на загадувањето, меѓутоа колку и како, тоа не може да се знае.

Од Југохром Јегуновце, пак, денеска не сакаа да дадат никаков коментар за нивните планови. Од Министерството за животна средина велат дека вчера доцна попладне до нив стигнало барање од фабриката за продолжување на рокот за две години.

По одлуката на Макстил, пак, екологистите очекуваат да се намали загадувањето. Никола Нешкоски од невладината организација Екологик вели дека, според процените, загадувањето од индустриските капацитети придонесува за нечистиот воздух со околу 30 отсто.

Tоа треба да биде многу добро инспекторирано од страна на Инспекторатот за животна средина, затоа што многу често бевме сведоци како Макстил во 6 часот наутро или во доцните вечерни часови во сабота и во недела, испушта емисии, токму тогаш кога инспекторатот не работи.

„Меѓутоа, како што прочитавме ние денеска од соопштението коешто беше испратено од страна на Макстил, во официјалниот документ стои дека тие во текот на периодот од кога ќе затворат, бидејќи нели треба да инсталираат нова опрема, ќе прават чести проби. Е сега колку ќе бидат тие чести и со каков интензитет на испуштање на штетни материи, тоа никој не го знае, така што сигурно треба да очекуваме намалување на загадувањето, меѓутоа колку и како, тоа не може да се знае“, вели Нешковски.

И Александра Бујаровска од невладината организација Фронт 21/42 ги потврдува истите бројки за загадувањето од индустриските капацитети. Може да се очекува намалување на загадувањето, вели таа и инсистира на зголемени контроли.

„Но, тоа треба да биде многу добро инспекторирано од страна на Инспекторатот за животна средина, затоа што многу често бевме сведоци како Макстил во 6 часот наутро или во доцните вечерни часови во сабота и во недела, испушта емисии, токму тогаш кога инспекторатот не работи“, вели Бујаровска.

Инаку, покрај затворањето на фабриките, деновиве и градот Скопје излезе со план како да се намали загадувањето, но тој би стартувал од идната година и само ако загадувањето десет дена по ред е двојно поголемо од дозволените граници. Тие предлагаат возење по принципот пар-непар, бесплатен автобус, возење по обиколни улици, прскањето на улиците против прашина.

„Тоа од една страна може да придонесе, бидејќи, нели еве да речеме, условно кажано, секој ден ќе има за половина помалку возила, меѓутоа како тоа ќе го регулираат, тоа не е наведено никаде, барем ние не сме сретнале. Еве ако некој излезе со парна бројка, а е непарен ден, како ќе го контролираат тоа“, вели Нешковски.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG