Достапни линкови

Протест на студенти против екстерното


Група студенти на денешниот собир пред Ректоратот на УКИМ, побараа поддршка од професорите против екстерното тестирање и УКИМ да се произнесе во врска со најавените реформи. Тие бараа на денешната седницата на Сенатот да се разгледа прашањето за екстерното тестирање, а професорите кои одеа на седницата беа пречекани со свирежи.
Потоа Ректорот на УКИМ Велимир Стојковски повика на разговор претставници на студентите кои протестираа. По разговорите Стојковски изјави дека сè уште е рано Ректоратот да формира став околу екстерното тестирање, тие првин ќе почекаат Министерството за образование да ја образложено идејата, а потоа ќе го соопштат својот став.

XS
SM
MD
LG