Достапни линкови

Инцко бара поскоро формирање на власта во БиХ


Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Валетин Инцко.

Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Валетин Инцко.

Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Валетин Инцко ги повика политичарите и партиите во земјата, кои ја добија довербата на гласачите на изборите на 12 октомври, што е можно поскоро да формираат нова власт, предупредувајќи притоа дека никој нема причина за славење, бидејќи натрупаните проблеми треба итно да се решаваат.

Тој порача дека меѓународната заедница со внимание ќе го следи процесот на воспоставување на власта.

Тој од новата влада очекува брзи резултати и додаде дека предложените кандидати мораат да бидат способни личности, кои ќе бидат во состојба да се носат со големите предизвици како решавање на проблемите на корупција и отварање нови работни места, што е од пресудно значење во земја, која има над половина милион невработени.

XS
SM
MD
LG