Достапни линкови

Интернет најмногу користат учениците и студентите


Близу 70 проценти од македонските домаќинства имаат пристап до интернет од дома, а најмногу го користеле учениците и студентите.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во првото тримесечје од 2014 година 68,3 проценти од домаќинствата имале пристап до интернет од дома и е за 3,3 проценти повеќе во споредба со овој квартал лани.

Во првото тримесечје од 2014 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, компјутер користеле 67,6 отсто, a интернет користеле 68,1 отсто. Интернет најмногу користеле учениците и студентите, односно 96,3 отсто.

XS
SM
MD
LG