Достапни линкови

Заробениот пилот Надежда Савченко избрана за пратеник во Украина


Адвокатот на заробената украинска пилотка Надежда Савченко за Радио Слободна Европа изјави дека неговата клиентка ужива поддршка од гласачите во Украина, каде што беше избрана за пратеничка на неодамнешните избори. Адвокатот Марк Феигин денеска рече дека украинските гласачи очигледно не веруваат во тврдењата на Рускиот истражен комитет дека Савченко била вмешана во убиството на руски новинар во источна Украина оваа година. Тој рече дека „смислените обвинувања“ што се шират од Рускиот истражен комитет и „медиумите под контрола на Кремљ“ не успеаја да ги убедат гласачите во вината на Савченко. Таа беше избрана за пратеничка на парламентарните избори на 26 октомври како кандидат од партијата на Јулија Тимошенко. Савченко во моментов е затворена во психијатриски институт во Воронеж во Русија каде што беше однесена откако беше заробена од проруските сепаратисти во регионот на Луганск во источна Украина.

XS
SM
MD
LG