Достапни линкови

Претседателот на Буркина Фасо поднесе оставка


Претседателот на Буркина Фасо, Блез Компаоре објави дека се повлекува од функцијата после 27 години, поради насилните протести во земјата. Тој денеска издаде соопштение во кое прогласува вакум простор во власта и апелира да се одржат слободни и транспарентни избори во рок од 90 дена. Шефот на Армијата ќе ја води државата во тој период. Ваквата најавата доаѓа еден ден откако демонстранти го запалија парламентот и владини згради во главниот град, Уагадугу, во време која пратениците требаше да гласаат за уставни измени според кои ќе му се дозволеше на претседателот да биде резибран во 2015.

XS
SM
MD
LG