Достапни линкови

logo-print

Ердоган - Анти ИД кампањата премногу фокусирана на Кобани


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека меѓународната коалиција која се бори против милитантите на Исламската држава премногу се фокусира на сирискиот пограничен град Кобани. Тој денеска во Париз разговараше со францускиот претседателот Франсоа Оланд. Ердоган прашува зошто Кобани, а не други градови како Идлиб, Хама, Хомс кога Исламската држава контролира повеќе од 40 проценти од територијата на Ирак. Милитантите се уште држат три страни од Кобани. Турција наиде на силни критики дека не прави доволно да му помогне на Кобани. Градот го бранат сириските Курди.

XS
SM
MD
LG