Достапни линкови

Пожар во просториите на Радио Франс во Париз


Пожар ги зафати просториите на Радио Франс во центарот на Париз, по што луѓето биле евакуирани, јавува Ројтерс. Фотографии на Твитер покажуваат дека големи облаци чад излегуваат од горните катови на радиото. Пожарот избувнал на седмиот кат на познатата „Куќа на радиото“, во која се сместени неколку медиуми. Принудени сме да ја прекинеме програмата заради пожарот, изјавил работен во радиото „Франс Инфо“. Нема информации за евентуални повредени.

XS
SM
MD
LG