Достапни линкови

Соработката меѓу Србија и Македонија е добра, оцениле претседателите


Претседателите на Македонија и на Србија, Ѓорге Иванов и Томислав Николиќ, на денешната средба во Белград, констатирале дека соработката меѓу двете земји е многу добра и оти пријателските односи се развиваат во духот на добрососедство и блиска соработка помеѓу двата народа, јави МИА. Иванов изјавил дека различните ставови по некое прашање не треба да бидат пречка да се има извонредни односи. Македонскиот претседател денеска ќе има работна средба и со претседателката на Народното Собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ. Утре пак ќе учествува на 38-та средба на Европската група на Трилатералната комисија.

XS
SM
MD
LG