Достапни линкови

Француски лаборатории ги потврдиле наодите за листерија на македонските институции


Две француски референтни лаборатории ги потврдија наодите за листерија од македонските институции, информира министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес-конференција. Тој посочи дека вчера официјално ги добиле резултатите од Институтот „Луј Пастер“ од Париз и референтната лабораторија „Ансес“ исто така од Париз кои ги потврдиле резултатите од изолатите од храна за листерија, односно потврдиле дека причина за појава на листеријата била свинскиот врат на компанијата „Екстра меин“ од Куманово. Пред неколку месеци од листерија заболеа 10 луѓе, од кои пет почина.

XS
SM
MD
LG