Достапни линкови

Јахјага - Изборите опција за излез од кризата


Косово нема да остане заробеник на политичка криза, а доколку лидерите на политичките партии не постигнат конечен договор за формирање на косовските институции, ќе разгледаме можност за одржување вонредни избори, истакна косовската претседателка Атифете Јахјага во интервју за весникот „Трибуна“. Таа вели дека изборите се последна опција, но Косово не може да остане заробено во несогласувања и интереси на лидерите на политичките субјекти.

Јахјага за односите со Србија, смета дека дијалогот е единствена можност за решавање на сите отворени прашања и нормализирање на односите.

XS
SM
MD
LG