Достапни линкови

logo-print

Руската централна банка ги зголеми каматите


Руската централна банка соопшти дека ќе ги зголеми каматните стапки од 8 на 9,5 отсто, откако вредноста на руската рубља драстично падна по западните санкции и намалување на цената на нафтата. Бордот на директори на Банката на Русија ја донесе оваа одлука на денешниот состанок. Централната банка во јули годинава ги зголеми каматните стапки на 8 отсто, откако претходно во март ги зголеми на 5,5 проценти, а во април на 7,5 отсто. САД, ЕУ и други земји воведоа санкции против Русија поради нејзината улога во кризата во Украина. Русија во март го анектираше Крим од Украина, а Киев и НАТО ја обвинија Москва дека им помага на проруските сепаратисти во источна Украина со војска и со оружје во конфликтот во кој од април досега загинаа повеќе од 3.700 луѓе.

XS
SM
MD
LG