Достапни линкови

Социјалните мрежи блокирани во Таџикистан


Фејсбук и други социјални мрежи се делумно блокирани во Таџикистан, што е третпат за само еден месец. Интернет корисниците во земјата, велат дека Фејсбук, руската мрежа за контакти ВКонтакте и таџискистанскиот портал Топнуз, како и неколку други се недостапни од вчера. Засега не се знае причината за блокадата. Во изминатите неколку години властите во Таџикистан често блокираа интернет страници, меѓу нив и сајтот на Радио Слободна Европа за Таџискистан, за подоцна да ги одблокираат. А од државната Служба за комуникации велеа дека не добиле наредба да блокираат сајтови.

XS
SM
MD
LG