Достапни линкови

Се зголемува недовербата меѓу етничките заедници


Немањето доверба меѓу етничките заедници во Македонија остава можност меѓуетничките односи да се влошат по секој мал инцидент.

Протестите по судската пресуда за случајот Монструм, убиството на тинејџер во Ѓорче Петров, тепачките во автобусите или, пак, нешто друго беа повод за ескалација на меѓуетничките односи во земјата и зголемување на тензиите. Овие настани беа нотирани и во последниот извештај за напредокот на Македонија во евроинтегративниот процес, каде, како што е наведено, се покажало оти има недостиг на доверба меѓу заедниците.

Мислам дека политичките прилики придонесуваат меѓуетничките односи да добиваат во интензитет во негативна смисла, мислам дека се влошуваат и дека власта нè држи на топло-ладно.

Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека меѓуетничките односи во земјата се влошуваат.

Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

„Мислам дека политичките прилики придонесуваат меѓуетничките односи да добиваат во интензитет во негативна смисла, мислам дека се влошуваат и дека власта нè држи на топло-ладно.“

„Јас сум убеден дека ако има правична застапеност на сите етникуми, дека тензиите ќе бидат намалени и тоа ќе придонесе до еден соживот.“

Во случаи на недобро владеење во државата, секогаш вие имате адут во рацете да ги употребите тие односи за да прикриете или заташкате одредени состојби во самата држава.

„Многу ме нервира тоа што кога нешто ќе се случи, веднаш се мава на етничка основа, затоа што не се сите исти, зошто и кај нас и кај сите останати нации има и добри и лоши, така јас можам да мразам еден човек, а не цела нација“, велат анкетираните граѓани.

Дека и регионот не е имун на провокациите на етничка основа покажа и инцидентот на фудбалскиот натпревар помеѓу Србија и Албанија. Натпреварот беше прекинат откако дојде до тепачка помеѓу фудбалерите по појавата на транспарент со албанско знаме и карта на голема Албанија. Граѓаните велат дека таквите настани влијаат и врз меѓуетничките односи во Македонија.

„Влијае, со оглед на тоа што ние сме регион, ги имаме истите проблеми, мислам дека влијае.“

„Има луѓе што потпаѓаат под секакви манипулации“, велат граѓаните.

Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција вели дека меѓуетничките односи од 2001 се на многу „кревки нозе“.

„Во случаи на недобро владеење во државата, секогаш вие имате адут во рацете да ги употребите тие односи за да прикриете или заташкате одредени состојби во самата држава“, вели тој.

Вината Димовски ја лоцира кај политичарите.

„Меѓуетничките односи не може да ги влошуваат граѓаните, ги влошуваат политичарите кои во моментот владеат со државата, без разлика кога и да е тоа“, вели Димовски.

Во извештајот се препорачува дека е потребен поголем напор, согласно Охридскиот рамковен договор, за проактивно унапредување на позитивните односи меѓу заедниците.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG