Достапни линкови

logo-print

Макстил затвора, Југохром бара продолжување на рокот


„Макстил“ согласно предвидените обврски за воведување еколошки стандарди од денеска го прекинува производството во погонот „Челичарница“. Како што информираат од компанијата производството ќе биде прекинато во погонот се до ставање во целосна функција на новата филтерска постројка. Се очекува погонот Челичарница повторно да биде активиран, а, како што велат во компанијата, ќе работи по најстрогите европски норми за емисии на издувни гасови. Денеска истекува продолжениот рок за имплементација на еколошките стандарди за компанијата Макстил и Југохром од Јегуновце, што ги добија од Владата во април годинава. Југохром вчера достави ново барање за пролонгирање на рокот за воведување на стандардите за две години, велат за МИА од Министерството за животна средина и просторно планирање. Барањето треба да разгледа денеска Владата на седница.

XS
SM
MD
LG