Достапни линкови

Состанок на Вишеградската група и Западен Балкан


Попоски денеска во Братислава ќе учествува на министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан. Централна тема на состанокот е евроинтеграцијата на земјите од Балканот - достигнувањата и предизвиците на патот кон ЕУ, со фокус врз поглавјата 23 и 24 од европското законодавство владеење на правото, економското владеење и регионалната соработка. Вишеградската група која ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, е традиционален поддржувач на европската перспектива на Балканот. Специјални гости на состанокот се потпретседателот на Европската комисија и иден висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Себастијан Курц.

XS
SM
MD
LG