Достапни линкови

logo-print

Американски воени советници во западен Ирак


Американскиот генерал Мартин Демпси

Американскиот генерал Мартин Демпси

Американскиот генерал Мартин Демпси побара распоредување американски воени советници во ирачката провинција Анбар кои би помогнале во борбите против милитантите на Исламската држава. Ова е за прв пат Пентагон јавно да ја истекне потребата од американски советници во таа ирачка провинција каде владините сили се повлекуваат пред милитантите. Според аналитичарите, испраќањето советници би било сигнал за интензивирање на американската воена мисија во Ирак. Вашингтон веќе има испратено околу 600 советници во Багдад и Ирбил за да им помагаат на ирачаните и на курдите да ги координираат акциите со американските воздушни напади.

XS
SM
MD
LG